Саемот за вработување со наслов “Со градење на подобра комуникација помеѓу младите и компаниите до поуспешна соработка”, беше и последниот содржински настан, во кој повеќе од 35 присутни имаа прилика одблиску да развијат комуникација и да ги дискутираат интересите на младите и компанииите, на тоа што нуди пазарот на трудот, што се потребите на работодавачите и на кој начин и каков би требал да биде пристапот и на едните и на другите, вработување, односно барање на работници.
На овој саем беше котистена поразлична методолигија, во која младите беа групирани според професии и нивни интереси за вработување, а претприемачите имаа можност според нивен интерес да разговараат со млади од различни професии за нивните квалитети способности и зошто тие би биле идеалниот избор што би придонел за развој на нивните компании. Истовремено, претпиемачите имаа можност на овој малку поразличен начин да заштедат енергија и време, со тоа што имаа пристап директно со младите кои претставуваа професии што се во нивен интерест. Така со овој саем се обидовме да докажеме, колку е важен лесниот пристап, брзите решенија и ефикасноста, кога се зборува за наоѓање на кадар за потребите на една компанија.
Претставниците на организација ја искористија оваа прилика да гиприкажат досегашните резултати од програмата и идните планови и постоечките можности за младите и компаниите. Овој саем го заокруживме со завршни зборови и споделување на промотивни материјали, реквизити итн, со цел што поголема видливост на овј проект и самиот саем.