Во рамки на проектот ИРИС на 23.12.2024 во Скопје, Македонија, ќе се оддржи состанок на претставници на мрежата ИРИС од Македонија. Тема на состанокот ќе биде “Новите социјални политики и можности”.
На состанокот ќе се дискутира за актуелните социјални политики, новите можности и пристапи во социјалните услуги, улогата на мрежата ИРИС во нивната имплементација, како и идните иницијативи и потенцијални партнерства, со цел унапредување на социјалните услуги во земјата.
