Подготовките за младинската работилница која ќе се одржи на ден 12.08.2022 се во завршување. Засега имаме добар интерес од страна на младите, кои се чини дека не се доволно запознаени со своите работнички права.
Затоа оваа работилница има за цел да им помогне на младите да се запознаат со своите работнички права, да поразговараат со претставници од Агенцијата за Вработување и да дознаат нешто повеќе за можностите кои ги нуди истата.
Ако и вие сте заинтересирани за младинската работилница и сакате да бидете дел од истата, може да не контактирате на нашата емаил адреса: info@cdi.mk