Проектниот координатор спроведе истражување на релевантни компании и организации кои би биле заинтересирани за соработка и свој придонес во рамките на програмата на проектот EmploYouth. Најпрво се започна со истражување компании кои би биле заинтересирани да вработуваат млади луѓе со вештини и искуство развиени преку овој проект.
Исто така, за оваа цел беа искористени сите достапни социјални медиуми, кои ги поседува Институтот за развој на заедницата (ИРЗ) чиј фокус беше да се допре до заинтересираните компании, организации и институции релевантни за темата на овој проект.