Дали сте млад човек кој се бори да дојде до вработување? Дали се чувствувате како да ви недостасуваат вештини и искуство потребни за да добиете работа? Ако е така, имаме прекрасна можност за вас! Вклучете се во проектот “EmploYouth” чија цел е да им помогне на младите невработени луѓе да ги стекнат вештините и искуството што им се потребни за да успеат на пазарот на труд. Нашиот проект ќе обезбеди обука, менторство и практично искуство во различни области.
Проектот “EmploYouth” има за цел да ја намали невработеност кај младите луѓе, обезбедувајќи им ги потребните вештини и ресурси за да дојдат до вработување. Исто така, проектот се залага за подобрување на информираноста на младите за вработувањето и работничките права како и активна вклученост на младите на пазарот на труд.
Младите ќе имаат можност одблиску да се запознаат со работата преку можности за job shadowing и пракса во компании од нивни интерес. Целната група на проектот се млади невработени лица на возраст од 16 до 29 години, младински работници, бизнис сектор, агенцијата за вработување и граѓански организации.
Исто така во рaмаките на овој проект се предвидени неколку настани, од кои веќе едниот е реализиран, но следуваат уште неколку:
- 1 Тркалезна маса помеѓу бизнис секторот, млади лица на возраст од 16-29 години, АВРСМ и НВО.
- 2 Панел дискусии за активни мерки и можности за вработување и самовработување
- 1 Мини саем за вработување
На овие настани младите ќе можат да слушнат од прва рака кои се потребите на компаниите, активните мерки на Агенцијата за вработување, предизвиците при барањето на работа и така натаму.
Ако си заинтересиран за проектот и сакаш да ги зајакнеш своите вештини и да дојдеш до вработување, може да не контактираш на емаил адресата: info@cdi.mk