Здружение Институт за развој на заедницата Тетово го имплементира проектот „Pact for Growth“, финансиран од ASB Germany кој има за цел да го зајакне капацитетот на актерите на граѓанското општество во Западен Балкан за активно вклучување во спроведувањето и следењето на Планот за раст на ЕУ, со посебен фокус на социјалните прашања.
Во рамки на проектот, од 09-12.09.2025 година, предвидено е одржување на обука за членките од мрежата на ASB/ISC. 3а оваа цел,
Ве замолуваме да ни доставите понуда за хотелски услуги кои ни се неопходни за успешно организирање на настанот.
Сите информации, барањето и образецот за финансиска понуда може да ги најдете тука.
Рокот за поднесување на понуди е 20ти август, 2025 година.
