Посетете ја дигиталната изложба: CreaS Digital Exhibition
Оваа изложба е дел од проектот Erasmus+ “Creative Seniors – CreaS – Биди активен, биди уметник, инспирирај ги другите“ (CreaS), кој има за цел да промовира учење преку целиот живот и активно учество кај стари лица.
Проектот создава значајни можности за стари лица да се вклучат во активности водени од заедницата, помагајќи им да останат активни, вклучени и поврзани, дури и по пензионирањето или во подоцнежните фази од кариерата.
Дигиталната изложба содржи фотографии и кратки видеа од проектните активности, вклучувајќи меѓународни обуки, национални работилници, локални саеми и изложби, како и завршни настани, со учесници од Италија, Литванија, Шпанија, Северна Македонија и Бугарија.
Изложбата ja прикажува креативноста, учеството и важноста од обезбедување простори каде старите лица можат да учат, да споделуваат и да се поврзуваат.
Ко-финансирано од Европската Унија
Проектен број: 2023-1-LT01-KA220-ADU-000155789
За да бидете во тек со најновите вести, следете не на Facebook и посетете ја нашата веб-страница!
