Во месец мај, Институтот за Равој на Заедницата организираше национални работилници со наслов „Декоративни топки за маса“, „Уметност со стакло“ и „Маски за релаксација“. Целта на работилниците беше на практичен и интерактивен начин да се претстават активностите од Каталогот на проектот CreaS наменети за стари лица и едукатори за возрасни.
Работилниците се одржаа во текот на месец мај и вклучија вкупно 28 учесници, распределени во три различни активности. За време на работилниците, учесниците активно учествуваа во изработка на декоративни топки за маса, дизајнирање уметнички производи од стакло и изработка на маски за релаксација.
Преку овие активности, учесниците воспоставија нови контакти, споделија лични приказни и идеи, и се запознаа со креативни активности во пријателска и поддржувачка средина.
Посетете ја веб-страницата на проектот за повеќе информации и најнови новости.
Ко-финансирано од Европската Унија
Проектен број: 2023-1-LT01-KA220-ADU-000155789
За да бидете во тек со најновите вести, следете не на Facebook и посетете ја нашата веб-страница!





