Институтот за развој на заедницата (ИРЗ) со успех ја реализираше компонентата Youth Club, создавајќи простор за млади од Тетово и околината да се вклучат во динамични и креативни активности кои го зајакнуваат нивното лидерство, тимска работа и граѓанска свест. Овие клубски средби беа организирани редовно, со фокус на неформално образование, дебати, работилници и заеднички иницијативи кои ги поттикнуваа младите да се изразуваат, да учат нови вештини и да градат социјални врски.
Во 2024 година, ИРЗ успешно спроведе 11 младински активности во рамки на Youth Club, вклучувајќи дебати за теми како вработливост, климатски промени и дигитални права, креативни работилници за лидерство и тим билдинг, како и заеднички кампањи за социјална инклузија. Овие активности собраа над 150 млади, кои активно учествуваа, споделуваа идеи и креираа свои проекти, што резултираше со зголемена самодоверба и ангажираност во заедницата.
Во 2025 година, ИРЗ продолжи со ист интензитет, успешно реализирајќи уште 11 младински активности – од мотивациски предавања и вебинари за кариерно развој, преку уметнички и спортски предизвици, до настани за мрежење со локални организации. Учесниците стекнаа практични алатки за животни вештини, што им помогна во личниот и професионален развој, додека клубот стана вистинска платформа за младински активизам.


