На 1ви октомври се одржа Граѓански дијалог на тема „Вклучување на лицата со попреченост на пазарот на труд“, кој обедини претставници на институции, граѓански организации и работодавачи.
Настанот беше посветен на отворање дискусија за предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост при вработување, како и за можностите за создавање поинклузивен и пристапен пазар на труд. Учесниците разменија мислења и искуства за подобрување на соработката меѓу институциите, работодавачите и граѓанскиот сектор, како и за значењето на еднаквите можности и недискриминацијата при вработување.
Граѓанскиот дијалог придонесе кон подигнување на свеста за потребата од конкретни мерки и заеднички пристап во унапредувањето на економската и социјалната инклузија на лицата со попреченост.
