Третиот транснационален состанок на ECOWORK+ се одржа на 15-16 мај 2024 година во Тетово, Македонија, каде што партнерите ги разгледаа досегашните резултати и ги дефинираа следните чекори. Главен фокус беше завршувањето на Работниот Пакет 2 (аудиовизуелни материјали), Работниот Пакет 3 (Дигитален прирачник за млади) и подготовката на Работниот Пакет 4 (Комплет aлатки за дигитална обука на обучувачи).
Партнерите дискутираа за финалните корекции на видеата, презентациите и инфографиците, како и за нивната промоција на YouTube каналот на проектот. Дополнително, се усогласи структурата на Дигиталниот прирачник.
Вториот ден беше посветен на дисеминација, комуникациска стратегија и проектен менаџмент, при што беше истакната важноста на активната промоција и одржливоста на резултатите. Состанокот заврши со евалуација, доделување сертификати и финално усогласување на активностите до крајот на проектот.
ECOWORK+ продолжува со својата мисија за развој на зелени можности за младите! 🌱🚀
