Младинската мобилност во рамки на проектот ECOWORK+ се одржа од 15 до 18 април 2024 година во Камена Вурла, Грција, со учество на млади од Португалија, Турција, Австрија, Албанија, Романија, Македонија и Грција.
Оваа мобилност имаше за цел да ги обучи младите за вертикално земјоделство, климатски промени и зелено претприемништво, преку интерактивни предавања, практични вежби и групни дискусии. Во текот на првите два дена, учесниците се запознаа со концептот на вертикално земјоделство, технолошки ориентираното производство на храна и процесните аспекти на претприемништвото со вертикално земјоделство, како и со методи за самообука и развој на бизнис идеи во одржливо земјоделство.
Дополнително, се работеше на бизнис планирање и практични вежби за започнување на вертикално земјоделски проекти. Еден од главните резултати беше евалуацијата и финализирање на Дигиталниот прирачник на ECOWORK+, кој ќе служи како едукативен ресурс за идните генерации.
Покрај едукативните активности, учесниците имаа можност да истражуваат културни знаменитости во Ламиа и Камена Вурла, да се поврзат со други млади од различни земји и да разменат идеи за идни зелени иницијативи. Оваа мобилност не само што ја збогати нивната еколошка свест и претприемачки способности, туку и создаде основа за нови соработки и одржливи решенија во рамки на ECOWORK+.
