Во рамки на проектот “ECOWORK – Поддржување на еко-работно патување за млади” од 15ти до 18ти април во Камена Вурла, Грција ќе се оддржи младинска мобилност.
Проектот “ECOWORK+” се спроведува во партнерство со 6 земји од Европа, односно Португалија, Романија, Грција, Турција, Австрија и Албанија. Проектот има за цел да ги поттикне младите луѓе да започнат свој бизнис со вертикална градина, најпрво поради зачувување на животната средина, а потоа и поради намалување на невработеноста на младите луѓе во Европа.
Оваа младинска мобилност има за цел да помогне и поттикне 3 млади лица од секоја земја кои сакаат да започнат или веќе имаат свој бизнис во полето на вертикалното земјоделство.
За време на оваа младинска мобилност, учесниците ќе бидат охрабрени да го започнат и развијат својот бизнис со вертикална градина, подобрувајќи ги нивните меки, тврди и зелени вештини.
Оваа младинска мобилност ќе трае четири 4 дена, од 15ти до 18ти април, а денови за патување ќе бидат 14ти и 19ти април. Учесниците мора да бидат на возраст од 18 до 30 години.
За повеќе информации околу мобилноста и информации за локацијата може да погледнете тука.
За пријавување и дополнителни прашања може да не контактирате на емаил адресата cdi.zivorad@gmail.com или телефонски број 071 319 316.
