Настан во рамки на проектот Net-Works во Македонија – Градење неформална мрежа за вклучување преку вработливост
На 24 октомври 2023 година во Тетово, Македонија се одржа настан со наслов: Градење на неформална мрежа за вклучување преку вработливост
Неколку национални организации, претставници на бизнис секторот и нудители на СОО беа поканети на „консултативен состанок“ од страна на Институтот за Развој на Заедницата, Тетово, во согласност со методологијата научена во текот на проектот „Net-Works“. Целта на состанокот беше учесниците да се запознаат еден со друг и да се поттикне чувството на солидарност и разбирање.
