Здружение Институт за развој на заедницата (ИРЗ) Тетово, во рамките на проектот “IRIS PROGRESS”, организира граѓански дијалог на кој ќе се зборува за достапност и децентрализација на социјалните услуги на локално ниво со цел да се даде можност за претставување на корисниците, промоција и заштита на нивните човекови права и проширување на просторот за граѓанскиот сектор во дијалог со властите.
Ако сакате да биде дел од овој граѓански дијалог може да се пријавите преку следнава форма.
Доколку сте заинтересирани тука можете да ја погледнете официјалната покана и агенда за граѓанскиот дијалог.
Ве очекуваме!
