Здружение ИРЗ Тетово, во рамките на своите програмски активности го спроведува проектот ,,Поддржани услуги за вработување на млади во Македонија –Урбан Дигитал Хаб”, чија што цел е да обезбеди поддршка за дигитална писменост на ранливи категории на граѓани во заедницата и на членови на организации и здруженија, преку обуки за основи на ИКТ вештини и литератуа и обуки за аудио-видео продукција, и да поддржи иницијативи за медиумска видливост на граѓанските организации на теми поврзани со социјална вклученост и услуги во заедницата.
Здружение ИРЗ Тетово распишува отворен повик за обучувачи за спроведување на обуки за основи на дигитални вештини и литература и аудио-видео продукција, со цел зајакнување и градење на капацитетите на невработени лица, пензионери членови на здруженија, активисти во граѓански организации и затвореници/ млади-затвореници за ИКТ писменост и вештини и аудио-видео продукција.
Обуките се во рамки на проектот “Поддржани услуги за вработување на млади во Македонија – Урбан Дигитал Хаб,, во партнерство со Wien Work Австрија и Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи од Австрија.
Обуките е предвидено да бидат спроведени во период од Јануари 2021 до Август 2021 година.
Успешните кандидати треба да ги задоволуваат следните критериуми:
-Да има познавања и стекната диплома од релевантната област
-Да има најмалку 5 години искуство во областа на аудио-видео продукција
-Да има најмалку 1 годинa професионално искуство во спроведување обуки
-Да има спроведено обуки на темата за која се пријавува
-Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фацилитаторски вештини
Пријавувањето може да го извршите на следната е-маил адреса info@cdi.mk или со оставање на соодветна документација во просториите на Здружението.
Краен рок за пријавување: 21.03.2021
info@cdi.mk
www.cdi.mk
Доколку имате прашања поврзани со повикот може да ги поставите на :
е-маил : cdi.elena.mk@gmail.com
телефонски број : 078 595 747 или 077 670 201
Лице за контакт : Елена Серафимовска Стојчевски