Повик за сите правни лица кои нудат практикантство со можност за вработување или имаат потреба од работници
ИРЗ Македонија – CDI Macedonia во партнерство со Виен Ворк Австрија, во рамките на проектот “Пилот -Поддржани услуги за вработување во Република Северна Македонија” им нуди поддршка на младите во Тетово и реонот на Тетово во социјален ризик при процесот на интеграција на пазарот на труд.
Сите правни лица кои нудат практикантство со можност за вработување или имаат потреба од работници можат да допринесат за интеграција на младите од социјален ризик на пазарот на труд со тоа што ќе им дадат можност на истите да ги покажат своите лични квалитети за вработливост стекнати преку работа со младинскиот тим на здружението со цел градење на вештини во рамките на проектот.
Заинтересираните правни лица можат да станат дел од проектот со пријавување на основни информации на следната е-маил адреса: cdi.elena.mk@gmail.com , или преку пријавување на долунаведените телефонски броеви
Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молам да контактирате со нас на e-mail: cdi.elena.mk@gmail.com или cdi.marijana@gmail.com
Телефонски број: 078 595 747
077 670 201
Лице за контакт:
Елена Серафимовска Стојчевски
Маријана Аризанкоска